Сериозни сомнежи и индиции за манипулации и трошење на средства на граѓаните и на државата за неколку спортски федерации се пријавени преку претставки за кои денеска информираше вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, Љупчо Николовски, на заедничката прес-конференција со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми.
Како што изјави Николовски, се работи за претставки за работата на Боречката и Скијачката федерација, а тоа охрабрило пријави и за други федерации помеѓу кои и Автомобилската и Пинг-понг федерацијата.
– Тоа е уште еден голем успех, со тоа што граѓаните, и оние кои што имаат информации, поттикнати од постапувањето, не од непостапувањето, и од праќањето на пораките дека нема селективност, и нема неказнивост, во сите овие случаи, се охрабрени и стигнаа уште претставки кои што ќе бидат препратени или се веќе препратени, информираше Николоски.
Дополни дека за претставките за првите федерации за кои што алармирале, во Агенцијата за млади и спорт веќе има соодветни постапки, а очекуваат и обвинителството и останатите истражни органи да дејствуваат.
МИА