Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе не ја заврши втората трка во Асен, Холандија, дел од европскиот ТЦР шампионат.
Стефановски ја заврши трката откако имаше контакт со некој од конкурентите уште во првите свиоци и неможеше да продолжи поради оштетувањата на неговиот автомобил. Вториот на учесник во трката Виктор Давидовски финишираше на 15-тата позиција.
Победник денеска беше Унгарецот Атила Таши, со Хонда, втор заврши Микел Аскона, трет Душан Борковиќ. Иџе и Давидовски вчера финишираа на 16-тата и 17-тата позиција на првата трка во Холандија. Следните две трки се возат во Монца, на 22 и 23 септември.