Во две одделени акции грчката полиција заплени 247 килограми марихуана која била внесена од Албанија. Во првиот случај полициската патрола открила 145 килограми марихуана кај Неа Селефкиа, кај Игуменица во напуштен автомобил. Утврдено е дека возилото било украдено на 13 јули годинава во Корделио – Евосму.Продолжува истрагата за откривање на крадците на возилото и нарко шверцерите.
Во Компоти, кај Арта бил запрен автомобил кој доаѓал од правец на зелениот граничен појас. Во возилото имало 100 пакети со 102 килограми марихуана. Уапсена е Гркинка на возраст од 52 години, која управувала со возилото а по сопстевникот на возилото, 29 годишен Грк полицијата трага.
И покрај зјакнатите гранични патроли од двете страни на границата и помошта на грчката граница од страна на припадници на Фронтекс, нарко шверцерите не мируваат.
Грчката полициска статистика потврдува дека само во ова подрачје во изминатиот период од годинава запленети се неколку тони, додека на целата територија на Грција повеќе од седум тони мерихуана, внесена од Албанија.