Во новото интервју за медиумите, Ријана наведува дека „експериментира“ со својот нов, деветти студиски албум. Таа тврди дека нејзината нова музика ќе звучи сосема поинаку од се што издала досега.
„Не можете ни да замислите како ќе звучи мојот нов албум“, изјави Ријана пред медиумите за време на снимањето на модната ревија „Savage X Fenty“, чија премиера ќе биде овој петок на Амазон.
Поминаа точно пет години откако го објави својот последен студиски албум „Anti“, кој вклучува хитови како „Work“, „Love on the Brain“ и „Nedeed.“ Таа вели дека официјално започнала да работи на албумот од 2020 година.
„Сe што досега слушнавте од мене, нема да биде на албумот. Музиката е како мода, и треба да експериментирате со неа. Можам да носам што сакам, и така се чувствувам кога станува збор за музиката “, рече пејачката.
Таа se уште не го потврдиla официјалниот датум на објавување на новиот студиски албум.
Преземено од: https://pink.rs/