Новавакс бара од СЗО итно одобрување на нејзината вакцина против Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/21 5:01 PM

Новавакс бара од СЗО итно одобрување на нејзината вакцина против Ковид-19

Американската компанија Новавакс и нејзиниот партнер индискиот Серум институт ја пријавија својата вакцина против Ковид-19 за итно одобрување од Светската здравствена организација.

Барањето до СЗО обично е сигнал до националните регулатори дека вакцината е безбедна и ефикасна. Потребно е и одобрување од СЗО за извоз во земјите кои учествуваат во иницијативата за споделување на вакцини – КОВАКС.

Новавакс и Институтот Серум, најголемиот светски производител на вакцини, се обврзаа дека ќе испорачаат 1,1 милијарда дози вакцини на КОВАКС програмата, со цел еднаков пристап до вакцини меѓу богатите и сиромашните земји.

Протеинската вакцина на Новавакс покажа ефикасност од 90,4 проценти во клиничките испитувања извршени врз околу 30.000 испитаници во САД и Мексико.

МИА