(ВИДЕО) Живее со пола тело, а е најбрзиот човек со две раце – Зион Кларк роден е со синдром на каудална регресија – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/21 9:19 AM

(ВИДЕО) Живее со пола тело, а е најбрзиот човек со две раце – Зион Кларк роден е со синдром на каудална регресија

Toj e претприемач, мотивациски говорник, актер, автор и спортист, но на таа листа има уште едно ново признание – соборувач на рекорди.

Зион Кларк собори рекорд при што само со неговите раце истрча 20 метри во рекордно време односно 4,78 секунди, во поранешна гимназиска сала во Масилон, Охајо, САД.

„Пред да го знам тоа, ја поминав целта! Налетот на еуфорија се појави низ моето тело, додека официјалниот тајмер покажа 4,78 секунди!“, вели Зион Кларк.

Неговиот тренер на патеката, олимписки златен медалист и носител на титули во Гинисовата книга на рекорди, Буч Рејнолдс, одигра суштинска улога во менталното подготвување на Зион за обидот, заедно со блиските пријатели и семејството кои го поддржуваа на тој пат.

„Сите беа возбудени, јас бев возбуден, мојата девојка беше возбудена … тоа беше само момент човече!“, истакнал Зион.

Патот до успехот на Зион не бил лесен туку исполнет со многу искушенија и неволји.

Сепак, бил упорен за да ги постигне своите цели, поттикнат од едноставна фраза; “Нема оправдувања”.

„Секогаш ќе работам со она што го имам затоа што навистина немам други „карти“ што ми се делат … Морам да ги играм на вистински начин за да можам да бидам успешен и да победам во играта со карти”, вели Зион.

Од првиот ден, Зион доживеа предизвици што многумина никогаш нема да ги имаат.

Роден е со синдром на каудална регресија, ретка состојба која се карактеризира со абнормален развој на долниот (каудален) крај на ‘рбетот.

„Во мојот случај, мојата родена мајка воопшто не се грижела за своето тело додека била бремена со мене, таа пиела различни лекови и тоа предизвикало да имам дефекти“, споделил Зион.

„Животот ми беше отежнат уште од самиот почеток, затоа што морав да поминам низ две различни операции за грбот, само за да можам да седнам исправено“, раксажал Зион.

Зион бил даден на посвојување веднаш по раѓањето и  на 16 години, се пресели низ системот за згрижувачки семејства, со надеж дека ќе најде постојано семејство.

За време на ова патување, Зион доживеал малтретирање, ментална злоупотреба и недоволно хранење во домовите во кои бил сместен. И покрај соочувањето со овие значајни предизвици, тој секогаш останувал со надеж.

Наскоро потоа Зион бил посвоен од неовата сегашна мајка, Кимберли Хокинс, која отсекогаш сонувала да има син.

Двајцата имаат неверојатна врска, а Зион го наведе посвојувањето како најдоброто нешто што му се случило.

Преземено од: https://www.guinnessworldrecords.com/