Најмалку 62 деца починале во бегалски кампови во Сирија во 2021 година – ММС
ММС

Објавено на: 09/23/21 8:14 AM

Најмалку 62 деца починале во бегалски кампови во Сирија во 2021 година

Најмалку 62 деца починаа во два кампа за раселени лица во североисточна Сирија од почетокот на 2021 година, објави денеска организацијата „Спасете ги децата”.

Оваа невладина организација укажа на итна потреба од репатријација на странски деца од камповите.

Новиот извештај, насловен „Кога ќе почнам да живеам”, укажува на неодржливи услови за живот во камповите Ал-Хол и Роџ, кои се под контрола на курдските сили.

Во камповите се сместени десетици илјади раселени лица, меѓу кои околу 40.000 деца и семејства на странски џихадисти од групата Исламска држава.

Во Ал-Хол само 40 проценти од децата имаат пристап до образование, додека во кампот Роџ 55 проценти од домаќинствата посочуваат дека има деца кои работат и под 11-годишна возраст.

МИА