Попладнето пред 17 часот, на една од најфрекфентните раскрсници во Штип, во населбата Сењак се судрија три возила. Се најдовме на местото во време кога полицијата вршеше увид, додека љубопитни минувачи набљудуваа. Од тоа што можеше да се види, возилата се судриле во моментот на поминување на раскрсницата. Повеќе детали очекуваме за подоцна.
Раскрницата во Сењакот е една од најслабите точки, што дополнително се проблматизира во периодот меѓу 14 и 17 часот, кога луѓето се враќаат од работа. Пред повеќе од две недели Општината Штип и министерот за трнаспорт и врски, Благој Бочварски, најави дека овој дел од сообраќајницата ќе се реконструира.
-Во наредните денови започнуваме со целосна реконструкција на раскрсницата во населбата Сењак на улиците „Сремски фонт“ и „Борис Крајгер’. За двата проекти (и улицата „Панче Караѓозов“) Министерството за транспорт и врски оддели 21 милион денари, рече министерот Бочварски.