(ВИДЕО) Лава на Канарските острови нема милост – голта се пред себе – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/21 4:33 PM

(ВИДЕО) Лава на Канарските острови нема милост – голта се пред себе

Лавата што еруптираше по првата вулканска ерупција на Канарските острови во последните 50 години ги принуди властите итно да евакуираат уште еден дел од општината Ел Пасо на островот Ла Палма, но и да ги предупредат сите љубопитни луѓе кои беа привлечени од спектакуларната глетка да се држат подалеку од загрозената област.

Населението на еден дел од островот беше евакуирано во понеделникот вечерта, а по масивната ерупција на жешка лава, евакуацијата продолжи и во вторникот.

Досега, околу 6.000 од 80.000 жители на островот биле принудени да ги напуштат своите домови, бидејќи река со блескава лава полека, но сигурно, тече кон океанот, уништувајќи се што има пред него.

Вулканот еруптираше минатата недела по серијата од неколку стотици помали земјотреси. Ерупцијата била силна со голема количина лава и светлечки карпи, кои прво ги уништиле блиските шуми.

 

Нема извештаи за загинати или повредени, но снимките од дрон покажаа два јазика на црна лава, создавајќи застрашувачки процеп низ пејзажот додека се спуштаа надолу по западната страна на вулканот кон морето.

Експертите велат дека лавата, кога ќе стигне до морето, може да предизвика повеќе експлозии и облаци отровни гасови.

Поморските власти затворија две наутички милји од морето во близина на брегот како мерка на претпазливост, со цел да се „спречи приближувањето на љубопитните на чамци“.

До вторникот наутро, лавата зафати 103 хектари земја и уништи 166 куќи.

Извор: Нова.рс

Фото: Курир.рс