Бројни фанови на славните често сакаат да изгледаат како свои идоли, а тоа најчесто го решаваат со шминка и облека. Но, некои од нив се подготвени да отидат чекор понатаму, па со пластична хирургија го постигнуваат посакуваниот изглед.
Еден од нив е Родриго Алвеш (38), кој направи се за да изгледа како кукла на Кен. На големо изненадување на многумина, по повеќе од 75 операции на неговото тело, Родриго стана – Барби, или Џесика.
– Божја волја е да бидам жена. Чувствувам дека сакал да ме искористи како алатка за да ги учам другите за транс луѓето – рече Родриго, додавајќи дека како дете знаел дека е заробен во машко тело.
– Кога бев мала, сакав кукли и фустани и се чувствував како девојка, но немав идеја што значи да се биде трансроова личност. Сега тоа е тема што ја разбирам многу подобро. Трошев илјадници долари за да имам вештачки стомачни мускули, бицепс …, но не се чувствував убаво во машка кожа. Не ми беше судено да бидам маж – вели Родриго, кој во меѓувреме стана Џесика.
Но, оваа трансформација не може да биде лесна, како што на некои им изгледа на прв поглед. Откако се префрли на хормонска терапија, Џесика се здебели вишок килограми и се појавија бројни здравствени проблеми. Меѓутоа, тоа не ја спречува да ја продолжи транзицијата, па неодамна започна друга ризична процедура, а тоа е трансплантација на матка.
– Моите следни постапки ќе бидат корекција на носот и феминизација на гласот. Но, засега, планирам да уживам во последните убави денови и да се грижам за себе и за моето здравје – вели таа.
Сепак, и покрај нејзините тврдења дека се чувствува добро, фановите сепак стравуваат за нејзиното здравје. Имено, таа објави видео на социјалната мрежа Инстаграм во кое позира и се обидува да намигне. И покрај нејзините напори да го направи лицето да изгледа нормално, очигледно е дека Џесика не може да мрдне ништо освен очите и усните.
– Мило ми е што конечно си среќен, но мислам дека си отишол предалеку со филери и ботокс. Се чини дека не можеш да го помрднеш лицето – напиша една жена, а Џесика одговорила:
– Вистината е, не можам да го мрднам поголемиот дел од лицето. Тешко ми е да дишам низ носот и не можам да трепкам како порано. Но, тоа беше цената на мојот изглед.
Преземено од: https://www.telegraf.rs/