„Не рикај додека водиш љубов, срамото деца те слушаат“, порача изнервиран сосед – Хит опомена на Фејсбук – ММС
ММС

Објавено на: 09/21/21 11:01 AM

„Не рикај додека водиш љубов, срамото деца те слушаат“, порача изнервиран сосед – Хит опомена на Фејсбук

На Фејсбук групата “Контроверзен хумор“  се појави смешно предупредување на еден сосед кој мака мачи со неговата темпераментна соседка. Еден од станарите ја предупредил сосетката да не  „рика многу“ додека води љубов со својот партнер, а потоа го закачил на ѕид.

На таблата, во ходникот на влезот на зградата, е прикачена хартијата со игла, каде стои опоменувањето на сосетката дека не ги почитува домашните правила.
На хартијата стои напишано:

– Би ја замолил „дамата“ од стан 39 да не рика додека „води љубов“! Те слуша цела зграда !!! Ова е град, а не поле на кое очигледно сте навикнати! Срамото, децата те слушаат! Следниот пат, стави лента на устата кога немаш воспитување! – пишува на хартијата.