Царовска ќе реферира за оперативниот план за вработување и гаранцијата за млади – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/18 7:56 AM

Царовска ќе реферира за оперативниот план за вработување и гаранцијата за млади

Резултатите од спроведувањето на Оперативниот план за вработување и пилот програмата Гаранција за млади ќе бидат презентирани денеска на прес-конференција во Владата.

Како што соопштија од владината прес-служба, за реализацијата на оперативниот план и пилот програмата ќе зборуваат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска.