Исчезнаа две девојки од СОС Детско село – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/21 3:58 PM

Исчезнаа две девојки од СОС Детско село

Вчера во 05.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од СОС – Детско село се оддалечила нивната штитеничка А.М.(18), која и претходно се оддалечувала.

Вчера во 04.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека од СОС – Детско Село Радишани се оддалечила нивната штитеничка И.П.(16), која и претходно се оддалечувала.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата, информираат од МВР.