Бертола победник на Интернационалниот маратон во Охрид – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/18 7:46 AM

Бертола победник на Интернационалниот маратон во Охрид

Аргентинецот Гилермо Бертола триумфираше на Интернационалниот пливачки маратон на 10 километри, кој денеска се одржа во Охридското Езеро.
Пливачот ја помина делницата од 10 километри за 2 часа, 2 минути, 46 секунди и 68 стотинки. Втор заврши Венцислав Ајдарски (Бугарија) со време 2.02.47.50, а третопласиран беше Алехандро Хоакин Морено (Аргентина) за 2.02.49.39.
Нашиот единствен преставник кај мажите, Александар Илиевски финишираше петти со десет минути заостанување зад победникот.
Победничката во женската конкуренција, исто така, беше од Аргентина, откако Елизабет Сесилија Биљоли победи со време од 02.10.27.69. Втора финишираше Ромина Ивинкерлајд (Аргентина) со време 2.10.42.62, а трета Ерика Јенсен (2.23.43.57).
Mакедонската пливачка Ева Петровска се пласираше на петтото место со време од 02:29:28.69.
Вкупниот награден фонд на маратонот изнесуваше 3.400 евра.Бертола победник на Интернационалниот маратон во Охрид