За 40 проценти е намелена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава со почетокот на училишната година, во споредба со неговото ширење во последните две недели во август – покажува последната епидемиолошка анализа на Институтот за јавно здравје, информираат од Министерството за здравство.
– Согласно овие податоци и намалената инциденца на ширење на вирусот, нема потреба од промена на моделот на настава, сметаат од Комисијата за заразни болести, соопшти денеска Министерството.
Во епидемиолошката анализа на Институтот опфатена е возрасна популација од претшколска, основно, средно и академска.
– Во предучилишната и училишната возраст најмал е бројот на зазарени споредбено и по возрасни групи, односно на возраст од 0-9 години има само 3,9 отсто во државата се ковид позитивни, се вели во соопштението на МЗ.
Дистрибуцијата по градови е следна: во Скопје има 139 заразени основци, 70 средношколци, 72 од академската популација и 28 деца во претшкослка возраст; во Куманово, има пет заразени основци, осум средношколци, 18 од академската популација и три деца во претшколска возраст; во Штип две деца од претшколска возраст се ковид позитивни, пет основци, осум средношколци и три од академската популација. По две заразени деца од претшколска возраст има и во Велес и Ресен, и едно е заразено во Прилеп. Од популацијата во основно, во Велес и Ресен има по пет ученици, шест има во Струмица и Кавадарци, а осум во Прилеп. Средношколци позитивни на ковид има три во Велес, седум во Кавадарци, четири во Прилеп и две во Струмица. И од академската популација заразени со вирусот се шест во Велес, по двајца во Кавадарци и Прилеп и по тројца во Струмица и Ресен.