Втора средба на Путин и Меркел во рок од три месеци – ММС
ММС

Објавено на: 08/19/18 7:39 AM

Втора средба на Путин и Меркел во рок од три месеци

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, вчера имаа средба во околината на Берлин за да разговараат за темите и конфликтите во Украина и Сирија, до Иран и проектот на гасовод околу кој САД бурно реагира.

Двете земји, а особено Русија како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, имаат одговорност да се познаимаваат со овие проекти, каќала Меркел. Таа исто така изјавила дека сака да поразговара со Путин околу човековите права како и меѓусебните односи кои се тензични откако Русија го припои црноморскиот полуостров Крим во 2014 годин.

„Мислам дека многу спорни прашања можат да се решаваат во дијалог и низ дијалог“, изјавила Меркел пред новинарите пред средбата со Путин.

Маките на големиот број бегалци кои ги создаде седумгодишната сириска војна била една од темите на кои разговарале.
Меркел изјавила дека е нуќно да се избегне хуманитарна криза во Идлиб во Сирија и во околниот регион и дека таа и Путин веќе разговарале за прашањето на уставните реформи и можните избори кога последен пат се сретнаа во мај во Сочи.

Путин пак пред новинарите изјави дека мора да се направи се за да им се помогне на сириските бегалци да се вратат во својата земја и дека на Сирија и е потребна помош во обнова.

Пред да допатува во Берлин, Путин беше во Австрија, како гостин на свадбата на австриската министерка за надворешни работи, Карин Кнајсел. Во медиумите се појави фотографија на која се гледа како путин игра со министерката, која е облечена во традиционална австриска носија. Австриската опозиција ја критикуваше министерката Кнајсел што го поканила Путин на свадба, велејќи дека со тоа се доведува во прашање улогата на Австрија, како неутрален посредник, во конфликтот во источна Украина, каде  бунтовниците кои ги поддржува Русија се борат против владините сили. Инаку Австрија во моментов е претседавач со Европската унија.