Тетовец сакал да поткупи полицајци од Кичево па го привеле – ММС
ММС

Објавено на: 09/20/21 9:32 AM

Тетовец сакал да поткупи полицајци од Кичево па го привеле

Денеска (20.09.2021) во 00.50 часот во с.Соколари, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.Х.(59) од с.Боговиње, тетовско – соопшти претпладнево МВР.

Полициски службеници го запреле Н.Х. со неговото возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки и откако констатирале дека направил сообраќаен прекршок изготвиле записник и прекршочен платен налог, по што тој им понудил поткуп за да не го констатираат прекршокот.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Министерството.

Фото: Архива