Првите вселенски туристи од мисијата на „Спејс екс“, „Инспирација 4“, безбедно слетаа на Земјата по тридневно патување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
По завршувањето на првата мисија во орбитата на Земјата без професионални астронаути, четворицата туристи се спуштија во водите недалеку од брегот на сојузната американска држава Флорида.
Мисијата „Инспирација 4“ е важна бидејќи претставува првото патување на „Спејс екс“ околу Земјата со екипаж целосно составен од цивили.
Во капсулата „Кру драгон“ беа бизнисменот милијардер Џеред Ајсакмен заедно со Хејли Арцено, Сиан Проктор и Крис Семброски.
Ајсакмен, кој ja купи стартап мисијата „Инспирација 4“ од „Спејс екс“, а заедно со своите колеги, членови на екипажот, полетаа на 15 септември од Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида со ракетата „Фалкон-9“.
Иако контролата на капсулата, која се искачи на височина над Земјата од околу 575 километри, беше автоматски обезбедена од Земјата, четворицата патници поминаа околу шест месеци на обуки пред летот за да се подготват за можни непредвидени ситуации.
Ангенција Анадолија-АА
фото-мета.мк