Зајдисонце, море, плажа: Најубавите тропски дестинации за одмор со вашиот партнер – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/18 5:10 PM

Зајдисонце, море, плажа: Најубавите тропски дестинации за одмор со вашиот партнер

Летото е омиленото годишно време за многумина од нас. А посебно го сакаме за време на годишните одмори, посебно ако имаме некој посебно драг за одморот да го поминеме со него. Заедничкото летување ги буди романтичните чувства и ги зближува партнерите, на кои самотијата ќе им годи и ќе ја освежи нивната љубов.

Лето, сонце, море, плажа, заjдисонце и заљубени погледи. Звучи и повеќе од доволно да уживате во љубовта и летото, со својот партнер. Но посебно е доживувањето, заедно да истражите некоја посебна дестинација која во својата улица крие посебна приказна и магија која грее срца.

КАПРИ – Италија
Овој романтичн остров, на Неаполскиот залив ќе ве остави без здив. Необичниот релјеф, пријатната клима ова место го прави дестинација од вашите соништа. Местото како да е направено од сон и гламур, низ историјата било инспирација за многу уметници. Идеално место да ги разбуди вашите романтични чувства, овој остров ќе ја освежи вашата љубов и ќе ви подари простор за спомени кои ќе ги паметите цел живот.

САНТОРИНИ – Грција
Санторини е место кое го носи епитетот „местото од бајките“ и е идеален избор за вашата бајка да ја доживеете токму на овој остров. Овде ќе го дочекате најубавото зјдисонце на светот. Крстарење и чаша бело вино додека ноќта се спушта на овој преубав остров, можеби се моменти кои со години ќе ги прераскажувате со својот партнер низ срамежливи погледи и широка насмевка. Испишете ја својата бајка на овој вистински рај на земјата.

МИКОНОС – Грција
Овој романтичен остров ќе ви овозможи многу интимни моменти, како и организирање приватна вечера под ведро небо, прошетка на островот со брод и уживање во многубројните убавини по кои овој остров е навистина посебен. Миконос има неколку идилични плажи, а посебно е возбудливо во вечерните часови, посебно за оние парови кои сакаат да излегуваат и да се забавуваат. Доколку добро се распрашате, ќе дознаете за многу тајни места кои може да ги посетите.

РОВИЊ – Хрватска
Ровињ е најромантичниот град во Хрватска. Велат дека овој град е вистински бисер на Јадранот. Романтиката во овој град прави посета уште со првите сончеви зраци, каде од тераса со шоља кафе може да набљудувате како денот се буди. Ровињскиот архипелаг во себе чува дури 22 острови, па можете да уживате во обиколка на некој од нив. За момент камените куќи вас ќе ве вратат во времето на ренесансата и ќе ви овозможат да уживате со својата љубов на автентичен начин. Сетоа тоа допрiнесува и музиката која се слуша низ улиците на овој преубав град.