Мислеле дека вратата на таблата за струја ја отворил силниот ветер, но сфатиле дека е насилно оштетена – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/21 1:14 PM

Мислеле дека вратата на таблата за струја ја отворил силниот ветер, но сфатиле дека е насилно оштетена

Обезбедувањето помислило дека вратата на таблата за електрична енергија за модуларанат болница е отворена како резултат на силниот ветер и невремето што го зафати Прилеп во текот на вчерашниот ден, но кога била направена проверката, сфатиле дека таа е насилно отворена и оштетена.

Тоа било причината овој вандалски чин веднаш да се пријави во Полиција, изјави за ММС директорката на прилепската болница, Кети Смилеска.

Таа додава дека сега Полицијата треба да истражи за што станува збор, затоа што прекин на електричната енергија во модуларната болница немало.

Инцидентот бил пријавен синоќа во МВР од страна на обезбедувањето на болницата, кое што и го забележало оштетувањето.

„ Обезбедувањето на болницата забележало дека таблата од надворешната страна на болницата е отворена со хебла и го известиле електричарот од болницата, а веднаш била повикана и полиција. Струјата во модуларната болница е во функција, бидејќи надворешната табла не врши дотур на електрична енергија на опремата во болницата, соопштија од Министерство за здравство.

Во модуларната болница има хоспитализирано 17 пациенти и овој вандалски чин за среќа не довел да се загрози животот на пациентите.

фото-влада