Како изгледаат новите емотикони: Бремен маж и раката на Фатима (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 09/19/21 12:02 PM

Како изгледаат новите емотикони: Бремен маж и раката на Фатима (ФОТО)

Кон крајот на оваа година, колекцијата на нови емотикони ќе пристигне на паметните телефони,  некои од нив ќе бидат вистинско изненадување.

Серијата нови емотикони, одобрени од Конзорциумот „Unicode“ овој месец, носи 75 нови можности во однос на бојата на кожата и 37 сосема нови „сликички“.

Така, наскоро ќе можеме да користиме лице што се топи, лице со рака над едното око, лице кое ги задржува солзите, рака со прекрстени показалец и палец и показалец што покажува кон екранот. Емотикон на патерици и Х-зраци, гнезда со и без јајца, емотикон за гризење на усните, трол, симбол на раката на Фатима,  … Погледнете како тие изгледаат.

„Не станува збор само за додавање нови емотикони или за промена на постојните“, изјави Џенифер Даниел, креативна директорка за емотикони во Google и претседателка на поткомитетот за развој на емотикони Unicode, за Wall Street Journal. „Се работи за сосема ново искуство“, нагласи таа.

Сега зависи од производителот кога одредени емотикони ќе станат достапни на нивните уреди, забележува Index.hr.

извор-index.hr

фото-index.hr