Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на својот ФБ профил информира дека е формирана работна група која што ќе се ангажира на укинување на визи за македонскиte државјани за влез во САД.
„Формирав работна група во рамки на Министерството за надворешни работи што има за задача да работи на укинување на визи за државјани на МКД за влез во САД.
Процесот за укинување визи за нашите државјани за влез во САД е долгорочен и комплексен процес, но со оглед на нашите заложби за зајакнување на постоечкото сојузништво, создадени се условите да го започнеме овој процес. Најголема потврда за тоа е приклучувањето на нашата земја кон НАТО Алијансата, но и напредокот постигнат на полето на безбедноста, како надополнување на нашето стратешко партнерство со САД.
Успешното завршување на овој процес налага долгорочна и посветена работа, а постигнувањето на оваа цел ќе биде од бенефит за државјаните на двете пријателски земји. Дополнително тоа ќе создаде значителен позитивен ефект на економската соработка, демократскиот просперитет и развој, но сметаме дека и генерално ќе има позитивно влијание врз целиот Регион“, пишува на Фејсбук статус на Бујар Османи, министер за надворешни работи.
слика-ФБ Бујар Османи