На некои ученици им се слошува од маските: „Учебници и настава мора да има” со претставки до ДКСК и Народниот правобранител за образовните реформи – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/21 3:38 PM

На некои ученици им се слошува од маските: „Учебници и настава мора да има” со претставки до ДКСК и Народниот правобранител за образовните реформи

Оваа недела граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има” ќе поднесе претставки до Антикорупциската комисија и до Народниот правобранител за да утврдат по кои законски прописи се воведе реформата за дигитализација и новата образовна Концепција.  За ова денеска информираше Драгана Спасевска од оваа иницијатива, која рече дека има и претставки и до Народниот правобранител во однос на тоа да се намалат часовите за време на пандемијата, бидејќи, како што објасни, имаат дојави дека на некои ученици им се слошува затоа што нон стоп носат маски.

Доколку до дадениот рок – крајот на септември не се обезбедат учебници за сите ученици, тогаш родителите кои ја поддржуваат иницијативата, од 1 окомври ќе ја бојкотираат наставата, ќе одржуваат протести блокирајќи ја улицата пред Министертсвото за образование и наука.

– Имавме еднодневен бојкот, што беше предупредувачки и што беше во добар одѕив. Ние на самото Министерство му дадовме рок до крајот на септември да обезбедат учебници согласно законот за сите ученици во основното и средното образование, бидејќи според Законот за основно и средно образование што уште е во функција, треба да имаме бесплатно образование, односно комплетно бесплатни учебници треба да добие секој ученик на почетокот на учебната година. Дадовме можност и рок до крајот на септември да се достават учебници до сите ученици, во спротивно од 1 октомври ќе преземеме идни чекори како бојкот на наставата, протести, па и блокирање на улицата пред Министерството за образование и наука се додека оваа беззаконие се стави во функција на закон и да се почитуваат законите и правата кои што нам како родители не ни се дозволени, рече таа.

Според нејзините информации, има потешкотии во самата платформа за спуштање на учебниците. Оттука, рече Спасевска, родителите се принудени од својот џеб да даваат пари за копирање на учебниците за да им овозможат на своите деца да учат, иако им следуваат бесплатни учебници, печатени од МОН.