(Видео и фото) Страшно невреме во Велес, дождот и ветрот оставија пустош за 15 минути – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/21 11:37 AM

(Видео и фото) Страшно невреме во Велес, дождот и ветрот оставија пустош за 15 минути

Силно невреме со дожд, град и ветер беснееше претпладнево во Велес и за само 15 минути направи огромни материјални штети и остави пустош зад себе.

Во близина на интернатот во Велес, ветерот сруши 15-метарско дрво и оштети два автомобили, ги откорна ролетните на прозорците, а станарите во постарите згради кои живеат на поткровје се пожалија дека нивните домови се поплавени поради откорнатите лимови на крововите.

Силниот ветар со град ги откорна и големите дрва во дворот на Гимназијата Кочо Рацин, а откорна и едно дрво во близина на градската библиотека. Дрвото со себе повлече и неколку кабли, па предизвика застој во сообраќајот, а полицијата се уште го обезбедува местото.

Силниот порој ги однесе улиците кои се изградени од гранитни коцки. Коцките од улиците од повисокото градско подрачје се најдоа пред новиот театар откако силната вода ги влечкаше околу еден километар.

Под вода е и реонот околу градскиот пазар, штети претрпеа и кафулињата и продавниците, но засега нема информации за повредени граѓани освен шпекулацијата дека жена била повредена откако и паднала тезга. Оваа вест не ја потврди СВР Велес.

Силното невреме затекна и неколку рекративици на околните ридски врвови Вршник и Гроот, меѓу кои и четворица тинејџери кои се нашле на отворено додека ветерот и градот беснееја над Велес. За среќа, по брзата интервенција на родителите и полицијата, децата и останатите граѓани се дома на безбедно и без повреди.


 

 

Орце Костов

Фото/Видео: Орце Костов, Фејсбук