Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите на територија на Град Скопје. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.
Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите и други магацински простории, соопштија денеска надлежните.
Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.