Пороен дожд, грмежи и засилен ветер: Викенд со променливо облачно време во Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/21 9:40 AM

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер: Викенд со променливо облачно време во Македонија

Променливо облачно време не’ очекува денеска во земјава. Од УХМР најавуваат и слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Преку денот ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Преку денот ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе достигне до 28 степени.

Променливо облачно ќе биде и утре претпладне со локален пороен дожд и грмежи. Услови за локален пороен дожд ќе има и во понеделник. Од вторник ќе преовладува претежно стабилно време со пониски дневни температути, информираат од УХМР.

 

Фото:  О.К.