Напиток за прочистување на цревата: Симнете неколку килограми со забрзување на метаболизмот – ММС
ММС

Објавено на: 09/18/21 8:34 PM

Напиток за прочистување на цревата: Симнете неколку килограми со забрзување на метаболизмот

Ако имате проблеми со надуеност, опстипација, вашиот метаболизам е забавен и ви е тешко да изгубите вишок килограми, дури и кога сте на диета, овој природен пијалок може да ви помогне. Особено е ефикасен кај луѓе кои страдаат од опстипација, а неговите природни состојки го забрзуваат метаболизмот.

Главната состојка на овој пијалок се сливите, кои се одличен извор на витамини Ц, А и К, и содржат рибофлавин, ниацин и други витамини од Б-комплексот. Исто така, тие се богати со растителни влакна, кои позитивно влијаат на функцијата на дигестивниот тракт, го чистат телото и поттикнуваат излачување на токсини. Тие се одлични и за чистење на цревата и подобрување на варењето.

Кога ќе измешате сливи со следниве состојки, ќе добиете одличен пијалок за слабеење, и најдобро е да го конзумирате пред појадок:

Состојки:

5 до 7 сливи

1 чаша кефир или јогурт со малку маснотии

1 лажица масло од ленено семе

2 лажици овесна каша

1 лажичка какао во прав

Подготовка: Напитокот се подготвува навечер, а се пие наутро. Оставете ги сливите да стојат во вода најмалку 30 минути. Истурете кефир, овес, ленено масло, какао во блендерот. Исчистете ги и исецкајте ги сливите што останаа во водата и исечкајте ги, па додајте ги во блендер со останатите состојки. Мешајте додека не добиете еднолична смеса и оставете го пијалокот преку ноќ во фрижидер. Пијте го напитокот наутро пред појадок.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/