Луѓето бегаат во паника, тројца се ранети – Пукање во трговски центар во Љубљана – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/21 3:39 PM

Луѓето бегаат во паника, тројца се ранети – Пукање во трговски центар во Љубљана

Полицијата во Љубљана денеска добила дојава дека се случило пукање во трговскиот центар БТК Сити Љубљана.

Во пукањето се повредени три лица, но тие не се во животна опасност.

Според првите информации, во пукањето се повредени две лица, а другото е физички нападнато.

“Околу 13.40 часот бевме известени за инцидентот во областа Мост, во кој беа повредени три лица. Според првите податоци, никој не е загрозен”, изјави Томаш Томашевиќ од полициската управа во Љубљана.

На лице место има неколку полициски патроли и амбулантни возила.

Медиумите наведуваат дека по пукањето настанала паника во центарот и дека клиентите почнале да бегаат.

Очевидци сведочеа дека се слушнале меѓу осум и 10 истрели.

Извор: Мондо.рс

Фото: 24ur.com