Анастејша два пати го победи ракот: Малата дама со голем глас по тешките животни борби изгледа целосно поразлично – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/21 3:18 PM

Анастејша два пати го победи ракот: Малата дама со голем глас по тешките животни борби изгледа целосно поразлично

Пејачката со неверојатен глас, Анастејша е родена на 17-ти септември 1968 година, а вистинската слава ја стекна по настапот во MTV форматот кој се емитуваше во периодот од 1985 до 1992 година. Музичката кариера ја почна во 1990 како придружен вокал, а три години подоцна го снимаше првиот дует со американскиот диџеј Дејвид Моралес. Истата година таа се пресели во Лос Анџелес и ја објави песната “One more chance”. Од 1997 до 1999 година беше член на бендот “The Kraze”, по што го објави и својот деби албум “Not that kind”.

Албумот достигна голем успех на сите листи, а нејзиниот прв сингл “I’m Outta Love” стана глобален хит во 1999-та година.  Ширум светот беа продадени над 50 милиони плочи, а поради малата висина (157 см), пејачката го доби прекарот „малата дама со голем глас“. 

Од музичката сцена таа се повлече токму во моментот кога го достигна врвот во својата кариера во 2003-та година, кога ја доби дијагнозата рак на дојка. По тригодишната борба таа оздраве, но на почетокот на 2013 беше принудена да ја откаже европската турнеја бидејќи болеста и’ се врати.

Овој пат борбата траеше пократко и Анастејша повторно го победи канцерот. Од страв дека би можел да се врати повторно по трети пат, пејачката се одлучи на храбар потег – да ги отстрани двете дојки.

Иако и’ се врати на музиката, таа ретко се појавуваше во јавност.

Очилата, нејзиниот заштитен знак, во целост ги „отфрли“ по операцијата, па музичката дива со енергија се претвори во нежна русокоса. Анастејша нималку не наликува на музичката ѕвезда која носеше кожни панталони, кратки маички и која преку песните им даваше поддршка на жените по љубовните „пропасти“.

 

Извор:   kurir.rs