Тешко е да се реализира настава во затворен простор според протоколите: Наставниците бараат скратени часови – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/21 2:21 PM

Тешко е да се реализира настава во затворен простор според протоколите: Наставниците бараат скратени часови

Наставничкиот пленум бара од Министерството за образование и наука скратување на времетраењето на часовите во наставата со физичко присуство од 45 на 30 минути. Наставниците тврдат дека имаат големи потешкотии да ја реализираат наставата во затворен простор и да ги почитуваат на сите протоколи утврдени од Комисијата за заразни болести.

Пленумот од МОН бара и во училишта во кои има повеќе од 15 ученици во паралелка да се премине на комбинирано учење односно физичко присуство и онлајн-настава.

– Итно да се реши проблемот со обезбедување на училиштатТа и општините кои се надлежни и задолжени за овој проблем тоа итно да го решат. Да се ослободат наставниците од секојдневните дежурства предвидени за период на учење со физичко присуство за време на пандемија, наведува Наставничкиот пленум во барањата пратени до МОН и министерката Мила Царовска.