Основнот јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ја добило документацијата од Бирото за јавни набавки и од Министерството за труд и социјална политика и утринава истражителите почнале да ја прегледуваат техничката документација од градбата на модуларните болници.
Шефицата на ОЈО за организиран криминал, Вилма Русковска рече дека нејзиното обвинителство било надлежно само за јавната набавка, не за причините за пожарот кои ги истражуваат тетовското и скопското обвинителство.
– Техничката спецификација за модуларните болници ја добивме на англиски јазик и веднаш скенирана ја испративме во тетовското обвинителство кое ќе им ја даде на истражителите од Германија. Нема да имаме директна соработка со колегите од Германија, туку тие ќе соработуваат со тетовоското и скопското обвинителство.
Јас имам првични сознанија дека наши експерти ја направиле техничката документација, а од Светска банка направиле одредени корекции. Затоа им испратив ме на експертите од Германија да проверат дали модуларните болници се направени според тие технички спецификации кои се одобрени од Светската банка – истакна Вилма Русковска.
Обвинителката даде коментар и за случајот со Драги Рашковски, бившиот секретар на Владата кој е во домашен притвор, а беше забележан како се шета по улиците на Скопје, односно оди на лекарски преглед.
– Јас се јавив во порталот кој ја објави снимката од Драги Рашковски за да дојде во Обвинителството да направиме форензичко вештачење на телефонот затоа што Судот нас нема да ни поверува на зборот дека тој е забележан после времето а кое му одобрено напуштање на домот, но никој не се појави.
О.К.