Австралија ќе овозможи поголеми слободи за вакцинираните и покрај зголемениот број на новозаразени – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/21 9:34 AM

Австралија ќе овозможи поголеми слободи за вакцинираните и покрај зголемениот број на новозаразени

Австралискиот премиер Скот Морисон вети поголема слобода за вакцинираните граѓани иако во втората по големина австралиска држава е пријавен најголем пораст на бројот на новозаразени со коронавирус оваа година.

Морисон истакна дека на следната седница на националниот кабинет , ќе се разговара за воведувањето ковид пропусници и куќен карантин.

На вакцинираните граѓани ќе им биде дозволено слободно да се движат и да уживаат повеќе слободи.  Мала е веројатноста дека тие ќе се заразат со вирусот, дека ќе го пренесуваат, тешко ќе се разболат или да завршат во болница, изјавил Морисон.

Здравствените на работници предупредија дека ширењето на делта варијантата веројатно ќе значи поголем притисок на здравствениот систем кога ќе почнат да се ублажуваат мерките со Сиднеј, Мелбурн, Канбери и други регии.

Викторија денеска пријави 510 нови случаи на коронавирус, најголем дел од нив во главниот град Мелбурн. Претходниот ден имаше 514 новозаразени, што е најголем број од почетокот на годината.

Морисон инаку заговараше повторно отварање на земјата во согласност со зголемениот број на вакцинирани. Прва доза вакцина имаат примено повеќе од 70 отсто од граѓаните над 16 години.

Исто така ќе се разгледува и можноста да се укинат хотелските карантини, а наместо тоа да се воведе куќен притвот за патниците кои пристигнуваат во Австралија.

 

извор:Н1