Холандската министерка за надворешни работи Зигид Каг поднесе оставка поради начинот на кој управувала со евакуацијата на амбасадата во Авганистан, минатиот месец.
Нејзината оставка следуваше откако парламентот усвои предлог да и изгласа недоверба.
Холандската амбасада во Кабул минатиот месец упати итни барања за подготовка за евакуација од земјата пред целосно да биде преземена од талибанците, но владата одлука за евакуација на локалното население и нивни роднидни донесе непосредно пред падот на Кабул.
Поради оваа ситуација Каг беше изложена на жестоки критики, а вчера и призна дека нејзиниот кабинет се раководел според погрешни претпоставки, но оти грешката не била само нејзина.
– Брзиот напредок на талибанците не изненади сите, дури и самите нив. Парламентот заклучи дека Кабинетот се однесувал неодговорно и не можам да сторам ништо освен да се соочам со последиците, изјавила Каг.
Парламентот ваков сличен предлог усвои и за министерката за одбрана Анк Бијелвелд, но таа ќе остане на својата функција.
извор: нова