Кој нема зелена пропусница ќе остане без работа и плата, а казната е 1.500 евра – Строги антиковид мерки во Италија – ММС
ММС

Објавено на: 09/17/21 7:22 AM

Кој нема зелена пропусница ќе остане без работа и плата, а казната е 1.500 евра – Строги антиковид мерки во Италија

Италија ќе воведе задолжителни „зелени пропусници“ за сите вработени, доказ за вакцинација, негативен тест или доказ за прележан вирус, а новите мерки на владата во Рим се првите во Европа и се сметаат за најстроги во светот. Како што дознава Би -Би -Си, секој што нема пропусница ќе се соочи со суспензија од работа и можност платата да му биде суспендирана после пет дена без пропусница.
Мерката, која треба да стапи на сила на 15 октомври, има за цел да ја зголеми вакцинацијата во земјата инаку тешко погодена од ширењето на коронавирусот.

Зелените пропусници за ковид се дигитално обработени документи кои се веќе потребни за влез во италијанските железнички станици, кина, ресторани, спортски сали и базени.

Наставниот кадар во образовните институции во Италија, исто така, мора да ги имаат овие пропусници, и според пишувањето на медиумите, поради неисполнување на оваа обврска, некои наставници наводно биле отпуштени.
Италијанската влада го одобри новиот закон со кој се воведува оваа обврска во сите сектори, а компаниите и работниците фатени без пропусница може да бидат казнети до 1.500 евра.

Објавувајќи ја оваа нова мерка, министерот за здравство на Италија, Роберто Сперанца, посочи дека ќе ја подобри епидемиолошката безбедност и ќе го направи процесот на имунизација поефикасен.

И покрај противењето на вакцинацијата на Италијанците, мнозинството ја поддржа владината кампања за вакцинација, така што речиси 65% од Италијанците се целосно вакцинирани досега, но инфекциите се уште се во пораст поради ширењето на позаразниот вирус делта.

Извор: informer.rs