Сирење и чоколада е одличен спој, кога е во прашање десертот кој може да го подготвите во облик на торта за некоја свечена пригода или кога едноставно сакате да ги почастите сите ваши сетила со вкусен десерт.
Ви го претставуваме рецептот за превкусен колач кој се подготвува за цели 20 –на минути, а што е најдобро од се е дека не се пече.
СОСТОЈКИ ЗА ПОДЛОГА:
150 гр бисквити
100 гр путер
2 лажички какао
ФИЛ:
300 гр чоколада за готвење
500 гр сирење маскарпон
200 гр шеќер во прав
250 гр пена за шлаг
ПОДГОТОВКА:
Изронете ги бисквитите и помешајте ги со растпениот путер. Калапот обложете го со хартија за печење, па на него ставете го пандишанот од бисквити и путер. За полесно да ги изроните бисквитите тоа може да го сторите во блендер, или ставете ги во ќеса и искршете ги со сукало за тесто додека не добите сладок прав.
Со миксер изматете шлаг, додајте го сирењето маскарпоне, шеќерот во прав и растопете малку чоколада (внимавајте да не биде жешка). Добро измешајте додека не добиете глатка смеса па прелијте ја на подлогата од бисквити.
Оставете ја вака подготвената торта во фрижидер на неколку часа да се олади и стегне.
Од чоколадата може да направите и глазура и да ја плиете тортата, а слатките парчиња може да ги послужите со вашето омилено овошје или јаткасти плодови.
Добар апетит!