Приведен охриѓанец кој во својот дом одлегувал марихуана во саксии – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/21 4:03 PM

Приведен охриѓанец кој во својот дом одлегувал марихуана во саксии

Вчера, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.Л.(38) од охридското село Лескоец, информираат од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени седум стебла Канабис засадени во саксии.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.