Досега во земјава според информациите добиени од Државниот завод за статистика, вкупно се попишани 711.418 лица, 221.268 домаќинства и 297.085 станови.
Директорот на ДЗС, Апостол Симовски, сабајлево во „Утрински брифинг“ истакна дека текот на пописот е во рамките на очекуваното, а дневно се попишуваат околу 100 илјади лица.
Симовски посочи и дека имало обид на два пати да се нападне системот за попис, но и двата пати биле успешно одбиени.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.