Почина Кофи Анан, поранешен секретар на ОН – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/18 10:36 AM

Почина Кофи Анан, поранешен секретар на ОН

По кратко боледувањеденес на 80 годишна возраст, почина поранешниот генерален секретар на Обединетите нации и добитник на Нобелова награда за мир Кофи Анан.

„Тој почина мирно по кратко боледување“, соопшти фондацијата што го носи неговото име.

Анан е првиот црн Африканец кој беше избран на функцијата генерален секретар, извршувајќи ја од 1997 до 2006 година. Тој подоцна беше специјален претставник на ОН во Сирија, обидувајќи се да пронајде мирно решение за воениот конфликт.

„Кофи Анан беше глобален државник и длабоко посветен интернационалист, кој низ целиот живот се бореше за пофер и помирен свет. Без разлика каде, тој ги допираше луѓето со своите сочувство и емпатија“, се вели во соопштението на фондацијата.

Тој потекнуваше од Гана, а почина во Женева, кадешто живееше последниве години.

Тој доби Нобелова награда за мир во 2001 за неговите напори да ја обнови организацијата, која во негово време посвети поголемо внимание на борбата против сиромаштијата и смртноста кај децата.