Тажна вест: Почина легендарниот Дуда Ивковиќ – ММС
ММС

Објавено на: 09/16/21 9:11 AM

Тажна вест: Почина легендарниот Дуда Ивковиќ

Кошаркарската јавност денеска ја потресе веста за смртта на легендарниот српски тренер Душан Дуда Ивковиќ.

Славниот Дуда починал на 77-годишна возраст рано утрово во болница во Белград, а првиот човек човек на Раднички, матичниот клуб на Ивковиќ, ја откри и причината за смртта,

„Во шест часот  и 50 минути Душан почина во болница во Белград од последици на вода во белите дробови и херпес“, изјави кратко Горан Калиниќ.

Душан Ивковиќ беше роден на 29 октомври 1943 година и важи за еден од најуспешните европски и светски тренери. Дуда ја водеше Југославија на три европки првенства и освои три златни медали, во Загреб 1989, во Рим 1991 и во Атина во 1995 година. Водеше великани како ПАОК, АЕК, Олимпијакос, ЦСКА и Ефес.

Тој освои две титули во Евролигата, од кои една со тимот на Олимпијакос, додека за овој тим настапуваше Перо Антиќ во 2012 година.