На 12 септември, 1428 делфини беа брутално убиени на Фарските Острови, се заради традиција.
Ова е најголемиот масакр на делфини досега. Ловците брутално убиле и мажи и бремени делфини и младенчиња.
Овој лов е традиционален настан каде што во просек се убиваат околу 800 делфини, но оваа година тој број е скоро двојно зголемен.
Според традицијата, убиените делфини би се делеле меѓу семејствата, но локалните жители велат дека ретко кој го јаде тоа месо и дека најверојатно ќе се фрли.
Многу жители на островот изразија жалење и згрозеност кон ловците поради бројот на убиени делфини, бидејќи, како што велат, „сето тоа е премногу“.
Извор: Информер.рс