73 регистрирани пожари во австралиската држава Нов Јужен Велс – ММС
ММС

Објавено на: 08/18/18 9:44 AM

73 регистрирани пожари во австралиската држава Нов Јужен Велс

Во австралиската држава Нов Јужен Велс регистрирани се 73 активни пожари, чиј интензитет се зголемува како резултат на силните ветрови. Противпожарната служба го зголеми нивото на опасност за три од вкупно 73 пожари.

Бегање од пожарите е премногу опасно, па затоа на жителите на Табулам, градот во североисточниот дел на Нов Јужен Велс им е препорачано да најдат засолниште во цврсти структури. А за жителите на Порт Стивенс предупредени се венднаш да ги напуштат своите домови.

Во гаснењето на пожарите учествуваат речиси 800 пожарникари, а Метеоролошката служба предупреди на многу топло, суво време низ цела Австралија во следните три месеци и можност од појава на Ел Нињо.