Попладнево почна протестот на жителите на скопско Бардовци против изградбата на Прифатен центар за странци во близина на нивното населено место.
Со транспаренти на кои пишуваше: „Карпош… И Бардовци е твое дете“, „Ние и нашите деца сакаме мир“, протестот започна кај паркингот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и ќе продолжи кон Влада.
Бардовчани бараат релокација на центарот и запирање на изградбата, бидејќи според нив, со изградбата на центарот ќе им бидат нарушени мирот и сигурноста.
Поради протестот, додека поминуваше колоната, семафорите беа исклучени, а сообраќајот го регулираше собраќајна полиција.