Денеска, во просториите на МЗШВ, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа одржа состанок со претставници на винариските визби.
После два и пол часа преговори, постигнат е договор откупната цена за Смедеревка да изнесува 10 денари и 12 денари за Вранец. На сите лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надокнадена од страна на винариите.
Корекцијата на цените ќе стапи на сила веднаш, уште од вечерва.
Исто така, министерот Хоџа го реафирмираше ставот дека ќе продолжи дополнителната мерка од 2 денари директно за лозарите.
“Откупот ќе продолжи да тече непречено. Очекуваме за една недела да имаме поголем откуп со што ќе се направи првичен пресек на откупените количини.
Министерот во договор со винариите вети дека ќе се откупи целата количина на произведено грозје и нема да остане ниту еден килограм неоткупен“, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
О.К.