Себичен маж! Родила петорка, а потоа сопругот ја напуштил – Животната приказна на Оксана и донесе пари и популарност – ММС
ММС

Објавено на: 11/11/22 8:00 PM

Себичен маж! Родила петорка, а потоа сопругот ја напуштил – Животната приказна на Оксана и донесе пари и популарност

До 2015 година, семејството на Оксана Кобелецкај и Сергеј Семенов не се разликуваше од милиони други: мајка, татко и ќерката Алиса.

Неколку години по раѓањето на нивната најстара ќерка, парот почна да размислува за проширување на семејството.

Кога на ултразвук дознале дека ќе добијат пет деца, останале без текст. Пет деца се карактеристични за бременост надвор од телото, но не и природна. Оксана беше единствен случај. Една од 85 милиони бремени жени.

Лекарите во Одеса веднаш предложија отстранување на неколку ембриони, за другите да можат нормално да се развијат. Идејата не и се допадна на Оксана. Таа одлучи: колку што и дава Бог, толку многу деца ќе роди.

Меѓутоа, нејзиниот сопруг не бил задоволен од нејзината одлука. И тогаш, за прв пат, ја напуштил Оксана. Тој замина, но не на долго. Дали неговите родители го принудија, или тоа беше неговата совест, главно Сергеј се врати на Оксана. Двојката заедно го дочека крајот на бременоста.

Во 2016 година, се родија пет деца кои тежеа од 1.200 грама до 1.900 грама.

Оксана роди три момчиња: Дејвид, Денис и Влад и две девојчиња Саша и Даша. Петорката стана вистинска сензација, не само во Одеса, туку и низ целиот свет. Градоначалникот веднаш им ги предаде клучевите од станот со пет соби, а новинарите постојано ги малтретираа.

Додека беше во болница, Оксана имаше голема помош од персоналот. Меѓутоа, кога се вратила дома, нејзиниот сопруг и мајка се обидувале на секој начин да и помогнат со децата.

Во првите неколку месеци, Сергеј беше таму за да и помогне на Оксана да ги нахрани, да ги искапе и пресоблече бебињата. Таа работа немаше крај. Ќе преоблече едно бебе, другото веќе направило друга физиолошка потреба. Ќе нахрани три, четвртото и петтото плачат затоа што се гладни.

По неколку месеци, Сергеј изјави дека е уморен. Оксана ја прифати таа изјава како машка слабост. Не и беше јасно како може да и каже на мајка си дека е уморен, додека тој знае да поминува 3 часа дневно на компјутер играјќи игри.

Децата барале постојано внимание. Капењето и менувањето пелени траеело вкупно три часа. Оксана станувала сама  во текот на ноќта за да се грижи за децата, бидејќи Сергеј одбил.

Кога Дејвид, Денис, Влад, Саша и Даша наполниле шест месеци, нивниот татко одлучил да го напушти семејството, па поднел барање за развод.

До денес, причината за неговото заминување не е позната. Оксана не сакала да го коментира заминувањето на Сергеј. Потоа започнала „забавата“,  Сергеј не сакал да плати алиментација за своите шест деца.

“Јас не сум физички способен. Бев повреден додека бев во брак. Затоа сега не можам финансиски да им помогнам на Оксана и децата”, рекол Сергеј.

Оксана само се смеела на неговата изјава. Таа изјавила дека ако Сергеј нема пари, може да дојде и да се грижи за децата – бидејќи тоа е доволна помош.

Сергеј не ја посетувал петорката, ниту пак постарата ќерка.

Оксана можеби ќе страдала поради неговото заминување, доколу нејзините деца не ги окупирале сите нејзини мисли и целото време што таа го имала. Научила да вози минибус за да може да ги вози децата на училиште, градинка, здравствен дом.

Љубезните луѓе основаа фонд за помош на Оксана и децата. Како самохрана мајка на шест деца, Оксана исто така доби помош од државата. Покрај тоа, Оксана најде начин да заработи.

Таа отвори блог, каде што го опиша животот со шест деца. Животот на ова необично семејство го следат над 100.000 луѓе. Децата учествуваат во снимањето реклами, а семејството заработува многу од тоа.

Оксана успеа да преживее во тешките моменти од својот живот и да остане силна. А што се случи со Сергеј? – Се чини дека таткото на семејството одлучи да продолжи да се крие зад имагинарна болест.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/