Маслото од семките на тиквата на вашето тело ќе му овозможат низа нутритивни благодети. Најдобро од се е одлично да се сложува со секоја храна затоа што на храната и дава богата јаткаста арома.
Маслото од тиква е одличен извор на магнезиум
¼ шолја масло од семки тиква содржи готова препорачна дневна доза магнезиум. Магнезиумот е важен за одржување низа физиолошки функции, вклучувајќи го и производството на аденозните трифосфати кои клетите го користат како енергија, синтеза на РНК и ДНК, го одржува стабилното работење на срцето, развојот и растот на коските, го одржаваат здравјето на крвните садови и дигестивниот систем. Истражувањата покажаа дека магнезиумот може да помогне во регулација на крвниот притисок и превенција од срцев и мозочен удар, кои претставуваат водечка причина за смрт во светот.
Одличен извор на цинк
Семките од тиквата се одличен извор на цинк. Цинкот на телото му е потребен за најразлични работи. Тие ја забрзуваат работата на имунолошкиот систем, растот и развојот на клетките, здравјето на очите и кожата, регулација на нивото на инсулинот и машкиот полов орган. Големиот број на луѓе не внесуваат адекватна количина на цинк во организмот. Хронично ниско ниво на цинкот може да го зголеми ризкот за настинка, хроничен замор, депресија, акни и ниска родилна тежина кај бебето.
Извор е на омега 3 масни киселини
Познато е дека семките и јаткастите плодови се еден од најдобрите извори на омега 3 масните киселини. Тие на сите нас ни се потребни. Но, експертите велат дека омега 3 масните киселини од билно потекло не се подеднакво делотворни и ефикасни како омега 3 масните киселини од животинско потекло. Некој од најдобрите извори а се од животинско потекло се сардините, лососот и туната.
Како да ги користите семките од тиквите и маслото од семки од тиква?
За да ги користите предностите за вашето здравје, најдобро е да ги консумирате без претходна термичка обработка. Ако ги консумирате како сурови мора да бидете сигурни да не им е поминат рокот на употреба. Тоа ќе го препознаете по нивниот мирис. Ако сакате да консумирате термички обработено масло од семки од тиква или само семки од тиква, немој да ги загревате на температура повисока од 75 степени Целзиусови. Запечените семки од тиква, попрскани со хималајска сол и малку масло од семки од тиква може да станат ваши омилени здрави грицки.