Со повик за борба против пандемијата и климатските промени, Гутереш го отвори Генералното собрание на ОН – ММС
ММС

Објавено на: 09/15/21 9:09 AM

Со повик за борба против пандемијата и климатските промени, Гутереш го отвори Генералното собрание на ОН

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ги оквалификува климатските промени и коронавирусот како закани кои не познаваат граници, кои претставуваат голем предизвик и кои создаваат поделби, јави ДПА.

– Војната на нашата планета мора да запре. Треба да завршат и меѓусебните војни. Време е да се фокусираме на борбата против заедничкиот непријател на човештвото: пандемијата. Членовите на ова Собрание мора да зборуваат со еден глас, рече тој на синоќешното отворање.

– Се собираме во време на големи предизвици и поделби, рече Гутереш синоќа. -Предизвиците и заканите се бесконечни. Тие влијаат врз сите нас, додаде тој.

Генералниот секретар повика на борба против „заедничкиот непријател на човештвото: пандемијата”. Генералното собрание е главното тело за утврдување на политиките на ОН. Ги вклучува сите земји -членки и обезбедува форум за мултилатерални дискусии низ целиот спектар на меѓународни односи. Секоја од 193 земји-членки има еднаков глас.

Општите дебати што почнуваат следниот вторник, е кулминација на Генералното собрание. Американскиот претседател Џо Бајден е меѓу светските лидери кои ќе зборуваат оваа година. Поради пандемијата, општата дебата ќе има помалку учесници. Многу шефови на држави и влади нема да патуваат во Њујорк и наместо тоа ќе учествуваат онлајн.

 

МИА