Пронајдено возило со штипски таблици кое беше украдено пред два часа во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/21 9:16 PM

Пронајдено возило со штипски таблици кое беше украдено пред два часа во Скопје

Денеска во 18:07 часот Н.К. во СВР Скопје пријавил дека од ул.Никола Русински позади ТЦ Лептокарија, му било одземено патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, кое тој го оставил отклучено и во погон, известуваат од МВР.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров и ОКР Карпош и околу 20 часот возилото е пронајдено во с.Лака и ќе биде вратено на сопственикот.

Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.