Во последните катастрофални поплави во Керала во јужната индиска држава, загинаа најмалку 164 луѓе, а вкупниот број на загинати во монсунската сезона во регионот достигна 324, соопштија властите.
Се прават обиди воените и спасувачките работници да ги ослободат луѓето што беа блокирани од поплави во оваа држава. Повеќето од загинатите се удавија или беа закопани од лизгање на земјиштето.
Од почетокот на сезоната на монсуните во државата, која започна на 25 –ти мај вкупно се пријавени 324 смртни случаи. 164 лица загинаа во поплавите од 8 –ми август до денес, што е речиси три пати повеќе од пријавените 67 смртни случаи во средата.
„Керала е погодена од најголемата поплава во последните 100 години. 80 брани се преплавени, 324 лица се мртви, а 223.139 луѓе се во повеќе од 1500 кампови“, објави локалната влада.
Досега 15000 луѓе беа спасени во сите операции, а хеликоптери и спасувачки тимови се борат со поројни дождови за да стигнат до поплавените области каде што локалните луѓе паѓаат и се принудени да чекаат на покривите на своите домови.
Од поплавите оштетни се стотици километри патишта, а со тоа запрени е железничкиот и воздуниот сообраќај. Аеродромот Кочи, најпрометниот во Керала ќе остане затворен до сабота.