Алијанса „Разбистри сѐ“ бараат амандмантски да се доуреди законскиот текст за минерални суровини – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/21 1:35 PM

Алијанса „Разбистри сѐ“ бараат амандмантски да се доуреди законскиот текст за минерални суровини

Новиот закон за минерални суровини максимално да ја штити животната средина бара Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ кои бараат амандмантски да се доуреди законскиот текст и да се вметнат нивните забелешки.

Дел од забелешките се однесуваат на постапките за издавање на концесии за екплоатации на минерални суровини кои  не се транапрентни за локалното население кои најмногу трпат штета на нивните места на живеење и нивите.

„Ископувањето на песок и чакал сеуште се врши заради комерцијални  приватни интереси и не според еколошките параметри. И хидројаловиштата кои што се потенцијално најопасни места од рударските комплекси не се доволно регулирани во Законот на регуларни суровини. И рекултивацијата, државата ја избриша обврската за изработка на годишни програми за рекултивација на старите рудници“, изјави Дејан Андонов од Институтот за комуникациски студии.

Во новиот закон не се внесени забелешките за јасно регулирање на обврските на Државниот инспекторат за животна средина во делот на екплоатацијата на минерални суровини и не е направена разлика помеѓу Државниот инспекторат за животна средина и Државаната техничка инспекција, вели Лилјана Поповска од Зелен институт.

„Во нашите дебати со Министертсвото за економија имавме доста дебати ан овие прашања беше кажанодека наводно  обврската на Државниот инспекторат за животна средина се регулирани во Законот за животна средина и затоа не треба да се повторуваат, тоа е еден од проблемите на ред наши закони, на кој инсистиравме овој пат, дека оној закон што е експецијалис з аодредена област мора д аги содржи сите елементи и области кои што ги покрива “, вели Поповска.

Копањето на песок и чакал од речните корита е уредено со закон и се врши со дозвола, но проблемот е што во моментот се активни 30- на дозволи на одредено растојание на една иста река што предизвикува штети.

„Со самото тоа што АД Водостопанство  ја добива дозволата од Министертсвото за животна средина и понатаму доделува право на работа на подизведувачи, тие подизведувачи се под никаква контрола. Ад Водостопанство не може да постигне на терен д аги исконтролира сите локации и сите подизведувачи и тука Државниот инспекторат би требало да биде активен на тие подрачја“, изјави Ана Петреовска,поранешна диркеторка на Државниот инспекторат за животна средина. Законот за минерални суровини денеска е на седница како 16 та точка со европско знаменце во Собранието.

Г.Д