Премиерот Заев ќе се сретне со Меркел попладне, информираат од Влада – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/21 1:18 PM

Премиерот Заев ќе се сретне со Меркел попладне, информираат од Влада

Владата на Република Северна Македонија најостро ги демантира наводите и тврдењата во текстот под наслов „Заев доби само групна средба со Меркел заедно со лидерите на Западен Балкан“, објавен на вашиот портал „ Македонски Медиа Сервис“ на линкот https://mms.mk/245463/%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE-%D0%B3%D1%80%D1%83%D0%BF%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%BA%D0%B5%D0%BB/

Не се точни насловот на текстот и тврдењето дека „Македонија ќе биде во агендата на германската кацеларка Ангела Меркел, но само на заедничката средба со премиерите на Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово денеска во Тирана“. Во најавното соопштение за настанот, испратено до сите медиуми, јасно стои дека освен заеднички работен ручек, согласно агендата, во текот на попладнето претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел.

Во однос на тврдењето во написот дека „ Меркел во прошталната посета, го заобиколи Скопје, по дводневната посета на Белград и денешната на Тирана“, Ве информираме дека заради агендата на германската канцеларка, и неможноста да ги посети сите земји од Западен Балкан, и покрај големата желба, одлуката била сите премиери од Западен Балкан да имаат работен ручек и билатерални средби во Тирана.

Потсетуваме дека канцеларката Меркел беше во официјална посета на Северна Македонија во 2018 година и тоа на 8 Септември – Денот на независноста.